![Скенирате фискални? – Доаѓаат повеќе пари во 2023, лимитот од 1800 ќе порасне на 2100 денари за проектот Мој Ддв](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/43/42987e34-resize-820x0x100.jpg)
Се зголемува повратокот на данок преку Мој ДДВ, од 1800 на 2100 денари од први јануари 2023.
Обезбедени се средства, имавме голема заложба и мерката Мој ДДВ ќе продолжи да се реализира, на задоволство на сите, со зголемен лимит на 2.100 денари.
Мерката Мој ДДВ даде резултат. Обезбедени се средства, повеќе од 2 милијарди се предвидени во буџетот затоа што ќе го зголемиме и лимитот. Како што ветивме од 2023 година ќе враќаме за едно тримесечие 2.100 денари кај граѓаните наместо досегашните 1.800 денари, изјави владата.