Би можело да ве интересира: Германија ќе „увезува“ странци: Се очекува во 2070 година да има 90 милиони луѓе
Џесика Џејмс има 31 година. Таа е дипломиран инженер за бизнис администрација и има деветгодишно професионално искуство во различни банки, пишува Дојче Веле во репортажата.
Можеби Џесика би била добредојдена во Германија со оглед на недостигот на квалификувана работна сила и празниот пазар на труд? Оваа млада жена моментално живее во Исламабад, главниот град на Пакистан. И таа сака да ја напушти својата татковина. „Јас сум христијанка, а Пакистан е муслиманска земја. Тоа е главната причина зошто сакам да одам во Европа“, изјавила таа во телефонски разговор за Дојче веле.
Можеби би можела да дојде во Франкфурт, еден од најважните финансиски центри во светот? Не, вели Џесика Џејмс, Германија не доаѓа предвид. За да најдеш работа таму, треба да научиш германски - и тоа е тешко. „Исто така, Германија е доста строга кога станува збор за издавање визи. Слушнав дека Германците се прилично строги кон луѓето со потемна кожа и воопшто со имигрантите. Затоа, младата банкарка сака да емигрира во Холандија.
„Луѓето се безобразни, јазикот е тежок, тешко можеш да добиеш виза? Звучи како Германија да не е земја која привлекува квалификувани работници од странство. Не е точно“, вели Томас Либиг, „Германија е привлечна за работна сила.“ вели експертот за миграција во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) кој гледа „голем потенцијал во високо квалификувани и добро образовани или обучени луѓе во странство кои се заинтересирани за Германија“.
Либиг и неговите колеги анкетирале речиси 30.000 луѓе кои го посетиле онлајн порталот на германската влада за квалификувани работници од странство. Станува збор за луѓе кои веќе се заинтересирани за работа во Германија. Повеќето од нив можат да замислат да дојдат во Германија бидејќи за нив има добри можности за работа и кариера. Двајца од тројца испитаници го навеле високиот стандард и квалитет на живот во Германија како причина за нивната миграција.
Еден од нив е Адријан Оку. „Барам работа во вашата земја бидејќи би сакал да живеам во Германија“, вели тој за ДВ. „Ми се допаѓа Германија. Германија е мојот сон“. Оку потекнува од градот Каваја во Албанија, кој се наоѓа на 20 километри западно од главниот град Тирана. По завршувањето на училиштето, таму работел како монтер на водовод, парно и климатизација.
Во меѓувреме, 24-годишниот Оку пристигнал во Центарот во Хесен, информативен пункт за квалификувани работници од странство, кој се наоѓа во Франкфурт на Мајна. Оку седи во тексас јакна и не ја симнува волнената капа од главата затоа што во германските канцеларии моментално е намалено греењето, а исто така и во официјалните простории на овој Центар - со неонско светло, сиви теписи и ѕидови обоени во жолта боја. Центарот изгледа ладно на прв поглед - како и повеќето германски установи, но Алберто Коронадо знае како да го подобри тој впечаток.
Коронадо, еден од тројцата консултанти, оди насмеан од канцеларија до канцеларија. Тој сака да направи сѐ што е во негова моќ за да им овозможи на странските квалификувани работници што поскоро да најдат работа и да влезат на германскиот пазар на труд. „Во странска земја, сè е секогаш ново на почетокот“, вели тој. „Дури и најпаметните луѓе сето тоа го сметаат за премногу на почеток. А ние сме тука да им олесниме и да им помогнеме да го најдат својот пат“.
Коронадо ја прегледува и оценува резимето на Оку. „Треба и овде да напишеш дека си работел како електричар во оваа фирма“, му објаснува на младиот човек. Веднаш на памет му паѓаат две компании од регионот кои би можеле да се заинтересираат за младиот Албанец. На крајот на краиштата, потребата од монтери е голема. Германија сака да го интензивира поставувањето на топлински пумпи и за тоа има потреба од професионалци. „Треба прво да им го испратиме вашето CV“, вели Коронадо, гледајќи во Оку. „Не грижи се, имаш добри шанси.
Најголема пречка за еден млад монтер од Албанија е веројатно германскиот јазик. Зборовите ги кажува бавно, внимателно размислувајќи што сака да каже. „Германскиот е навистина многу тежок“, вели тој, конечно изговарајќи ја реченицата. „Но и многу убав.“
Во студијата на ОЕЦД, четири од десет испитаници го наведуваат германскиот јазик како пречка што ги спречува да се вработат во Германија. Во работилниците и конференциските сали во оваа земја луѓето најмногу зборуваат германски. Ова е она што повеќето Германци го земаат здраво за готово. Дали е ова фактор што ја ослабува Германија кога станува збор за меѓународна конкуренција при регрутирање странски работници?
Ако го прашате Крис Пјак, одговорот на ова прашање е сосема јасен: „Да! Пјак во Дизелдорф го прави она што Коронадо го прави за покраината Хесен - ги советува странците кои бараат работа во Германија. Пјак води странска консултантска фирма за труд во покраината Северна Рајна-Вестфалија, каде што е единствениот вработен. На неговиот билтен се претплатуваат 25.000 меѓународни експерти, вели тој во телефонски разговор за ДВ. „Главната пречка за меѓународните квалификувани работници да дојдат во Германија не се правилата за имиграција или признавањето на квалификациите, туку јазикот“, објаснува тој. „Факт е дека само четири отсто од сите работни места во Германија се огласуваат на англиски јазик.
„Повеќето од работните места, за кои има најголема побарувачка, може да се вршат на англиски јазик“, вели тој, наведувајќи го како пример софтверското програмирање. „Во илјадници компании ширум светот тоа е сосема нормално и природно.На Германија и треба нова култура на третман на имигрантите, вели Пјак. „Ако сакаме да дојде најдоброто кај нас, тогаш треба да се потрудиме да ги привлечеме. Во спротивно, ќе дојдат само оние кои немаат друг избор. Прилагодувањето на законите за имиграција не е толку важно, вели Пјак. „Тој само треба да им овозможи на кандидатите да започнат со работа во Германија без признаена квалификација, за што подоцна ќе добијат признание“, објаснува Пјак.
За Хамди Зергуине од Алжир, јазикот и културата во Германија биле исто така пресудни кога станувало збор за неговата одлука да емигрира. Но, тие фактори не го одвратиле, напротив го донеле во Германија. „Ми се допаѓа германскиот јазик и менталитет“, изјавил тој за ДВ.
А што е со раширеното мислење дека Германците се сметаат за малку ладни и премногу вредни? „Тоа ми се допаѓа“, вели Зергуин, додавајќи: „Кога ќе слушнете дека нешто е произведено во Германија, секогаш е синоним за квалитет“.
Овој 38-годишник е дипломиран инженер со фокус на електроника и автоматизација има десетгодишно професионално искуство. „Јас сум многу амбициозен“, вели тој. „Сакам да направам кариера во Германија. Зергуин наскоро ќе има можност да го стори тоа. Откако испратил неколку апликации, ја добил работата. Ако сѐ биде во ред, во јануари ќе почне да работи како инженер во новата фабрика на Тесла во близина на Берлин.