ЕСМ Снабдување со топлина апелира сите потрошувачи кои ја добиваат фактурата во хартиена форма да ја искористат можноста за плаќање на е-фактура затоа што, како што велат, тоа е најсигурен, најбрз, најекономичен и најеколошки начин на достава.
- Потрошувачите треба да пополнат формулар кој може да го побараат од нашиот Центар за грижа на корисници да им се достави на меил, да го испечатат и пополнат. Пополнетиот формулар можат да го остават во некој од нашите три пунктови или скениран да го достават до Центарот за грижа на корисници. Формуларот можат да го преземат и во хартиена форма на нашите пунктови, да го пополнат и да го остават во пунктот, велат од ЕСМ Снабдување со топлина.
Пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина располага се наоѓаат на ул. „11 Октомври” 9, во објектот на дирекцијата на АД ЕСМ,на ул. „Лондонска” бр. 8, кај Топланата Запад во населба Тафталиџе и на бул. „Јане Сандански” бр. 49, кај Капитол мол во населба Аеродром.
На пунктовите потрошувачи можат да склучат договори и да добијат информации во врска со фактурите, начините на плаќање, да поднесат формулар за добивање на е-фактура, и сл. Работното време на сите три пункта од понеделник до петок е од 07:30 до 19:00, сабота од 08:00 до 13:00 часот.
Оттаму апелираат до потрошувачите да се обраќаат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100 и на меил адресата contact@esm-snabduvanje.mk за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, или пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето, како и за достава на формуларот за е-фактура.
Од ЕСМ Снабдување со топлина информираат дека се изработени фактурите за топлинска енергија за месец ноември и нивната достава е започната. Рокот на плаќање на фактурата за ноември е 30.12.2022. Рокот на плаќање на фактурата за октомври е 15.12.2022.
Потрошувачите, како што додаваат од ЕСМ Снабдување со топлина, ги добиваат фактурите на ист начин како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата „е-фактура” фактурата ќе ја добијат во електронска форма на нивната меил адреса, додека останатите потрошувачи фактурaта ќе ја добијат во хартиена форма на својата адеса на живеење.
извор: 24info.mk