Њујорк објавува оглас за вработување на кандидат кој ќе се “бори” против заедничкиот непријател на жителите: стаорците.
Канцеларијата на градоначалникот на Њујорк објави оглас за „Директорот за истребување на глодари“ во градот или како што го нарече портпаролот на градското собрание „Царот на стаорците“. Директорот, кој ќе добива годишна плата меѓу 120.000 и 170.000 долари, се очекува да развива стратегии, да раководи со проекти и да води тимови против глодарите во градот.
„Идеалниот кандидат е многу мотивиран, решен да ги погледне сите решенија од различни агли, вклучително и подобрување на оперативната ефикасност, собирање податоци, технолошки иновации, управување со отпад и масовно убивање“, се додава во огласот за работа.
Посериозните квалификации вклучуваат способност за „самоуправување и спроведување ригорозни истражувања и теренски активности“, „желбата да се дејствува претприемачки со интерес за општествено влијание“ и искуство во локалната власт или „релевантно“ поле.
Втор град со најмногу стаорци во САД
Заклучно со октомври, одделот за санитација во Њујорк пријавил повеќе од 21.600 поплаки за стаорци во 2022 година, што е нагло зголемување од периодот пред пандемијата.
„И покрај успешната стратегија на јавен ангажман и дрското присуство на социјалните мрежи, стаорците не се наши пријатели. Тие се непријатели кои мора да бидат поразени со здружените сили на нашата градска власт. Глодарите шират болести и ги оштетуваат домовите“, пишува во списокот, пренесува CNBC.
Се чини дека градоначалникот Ерик Адамс е особено мотивиран да најде ефикасен „крал на стаорците“.
Кандидатите за оваа позиција мора да достават биографија, мотивационо писмо и три препораки. Тие, исто така, мора да живеат во Њујорк и во рок од 90 дена од нивното именување да се вакцинираат против Ковид-19.
Од занимливости издвојуваме: Зошто луѓето се однесуваат како стаорци кога станува збор за социјалните мрежи?