Шпанскиот парламент го усвои законот за сексуално и репродуктивно здравје кој им овозможува на девојките од 16 и 17 години, иако се малолетни да извршат абортус без согласност на родителите, како и платено боледување за жените кои патат од болна менструација.
- Овие подобрувања ја обезбедуваат слободата над своето тело и го потврдуваат статусот на полноправните граѓани за половината од нашето население, изјави министерската за родова еднаквост Ирене Мотеро пред гласањето.
Според него, се укинува тридневниот период за „размислување“ за жените кои сакаат да извршат абортус и се укинува обврската за девојките со 16 и 17 години да мора да добијат согласност од родителите за прекинување на бременоста.
Законот, исто така, вклучува и платено боледување за жените од 39-та седмица на бременоста, бесплатно делење на производи за менструација во јавните установи, како училишта, затвори и болници, а сурогат мајчинството кое во Шпанија е илегално се дефинира како форма на насилство над жените.