Иако многумина стравуваа дека економската криза ќе ги поскапи и ски - билетите низ зимските ски центри во соседна Србија, тоа нема да се случи, пренесуваат регионалните медиуми.
Доколку планирате да уживате во зимските спортови на Копаоник, Стара Планина или Златибор во соседна Србија, знајте дека цените не се променети во однос на минатата година.
Традиционално Копаоник прв ја отвори сезоната, а минатиот викенд скијањето беше бесплатно, додека изминативе денови имаше попуст на ски - билетите и до 30%.
Златибор за скијање се отвара кон крајот на месецов. Тамошниот ски - центар Торник, сезоната ќе ја отвори од 23 - 25 декември. И за таму не се најавени поскапувања.
Занимливости: Време е да почнеме да ги планираме претстојните зимски одмори - 8 луксузни ски дестинации
извор: skopjeinfo.mk