За Нова година и Божиќ се очекуваат помалку гости на охридиско – струшкото крајбрежје за разлика од претходините години, но сепак ќе има туристи од Србија, Бугарија, Црна Гора и други држави.
Од Општина Крушево објаснуваат дека во зима нивниот град е атрактивен за гостите и очекувањата се дека за празниците, Крушево ќе биде полно. Во овој туристички центар најчесто доаѓаат домашните гости.
Oд Општина Берово додаваат дека вилите на Беровско Езеро веќе се резервирани, но до крајот на неделата или следната и во градот ќе бидат закупени сместувачките капацитети. Од локалната самоуправа велат дека само во вилите претходните години имало над 800 гости за празниците. Во хотелите најчесто доаѓаат бугарски и холандски туристи.
„Јас издавам сместувачки капацитети и за оваа Нова година ќе имаме посетители од Скопје, Куманово, Струмица, Гевгелија, но имаше јавувања и од Демир Капија, Ресен, што претходно не било и ми е мило што и луѓето од западна Македонија сакаат да го посетат нашето гратче. Но, во однос на претходната година се забележува дека луѓето малку се стегаат поради кризата, се размислуваат и подоцна почнаа да се јавуваат, да бараат сместување, но добро е што градот сепак ќе биде полн. Имало години кога во почетокот на ноември веќе било резервирано сместувањето за дочекот Нова година“, објаснува беровчанка.
Во Општина Вевчани нема официјални податоци за бројот на посетители, но велат дека поради убавините на овој крај, очекувањата се дека угостителските објекти ќе имаат доволен број на гости, домашни, но и странски, а поголема фреквенција на луѓе ќе има за карневалот.
извор: faktor.mk