Станарите во Белград моментално се во огромен проблем бидејќи се зголемени цените на недвижностите и на киријата, поради што многумина се прашуваат дали е поисплатливо да се земе станбен кредит и да се купи стан.
Мислењата на експертите се поделени. Додека едни нагласуваат дека е подобро да се земе кредит сега, други советуваат дека е најдобро да се чека.
Советниците за станбен кредит пресметале колкава би била месечната рата доколку одлучите да купите стан од 100.000 евра,.
- Да претпоставиме дека купувате стан од 100.000 евра. Би платил аванс од 20 отсто, што е 20.000 евра, а од банка би побарал кредит од 80.000 евра. Ако ја вклучите и можноста за добивање кредит за максимален рок на отплата од 30 години, вашата месечна рата од кредитот би изнесувала околу 330 евра - велат и додаваат колкава плата треба да имате во овој случај:
– Во тој случај вашата плата во просек треба да биде околу 660 евра, истакнуваат тие.
Може ќе ве интересира: Колку години треба да работите за да купите стан од 60 метри квадратни?
Да потсетиме, статистички гледано, цените на недвижностите во Србија во последната година се зголемени и до 30 отсто во некои градови, во истиот период променливата каматна стапка за станбените кредити порасна за 1,63 отсто, инфлацијата скокна за 14 отсто, додека просечните плати номинално повисоки за 16,5 отсто, а реално за 2,9 отсто.