Кога луѓето одат на патувања, особено во странство, многумина милуваат да си купат магнет за на фрижидер за спомен од местото кое што го посетиле. Меѓутоа, ретко кој си го поставил прашањето дали овие магнети може да предизвиката квар на уредот или дури и негативно да влијаат по човековото здравје.
Рускиот професор по популаризација на физиката и науката, Јуриј Михајловскиј, откри на кои работи треба да внимавате кога собирате магнети. Многу луѓе сакаат да редат украсни магнети на фрижидерот, бидејќи тие се декоративни и одличен начин да ги зачувате спомените од патувањата и разните пријатни моменти. Но, ако уредот почне да нефункционира, се поставува прашањето дали магнетите се причината. Магнетите се генерално безопасни, но сѐ зависи од нивната сила, објаснува Михајловски.
„Ако зборуваме за конвенционални магнети за фрижидер, тие се направени од фериот кој создава прилично слабо магнетни поле. Меѓутоа, сега може да се купат и други видови магнет, кои се направени од неодиум, железо и бор, а кои се доволно силни за да влијаат на уредот. Во овие случаин подобро е да короиститре феритни магнети“, открива тој.
„Исто така, ако поради некоја причина има нешто во нашето тело на кое магнетот може да влијае, а тоа најмногу се однесува на луѓе со вграден пејсмејкер, не треба да се приближуваме до магнетите бидејќи механички тоа може да предизвика привлечност или одбивност, што навистина не е добро“, вели научникот. Меѓутоа, магнетното поле со растојанието се намалува многу брзо. На растојание од 10 сантиметри нема да има интеракција, заклучува тој.
извор: kajgana.com