![„Ер Србија“ од 2023 ќе лета и за Охрид – еве колку ќе биде картата!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/a3/3374663a-resize-820x0x100.jpg)
Ер Србија во текот на летната сезона 2023 година ќе лета до 22 нови дестинации. Како што соопштуваат од компанијата од 4 јуни наредната година авиокомпанијата ќе почне да лета до Краков, а од 5 јуни 2023 година до Охрид и Варна.
Авионските билети за овие нови дестинации веќе се во продажба.
Би можело да ве интересира: Луфтханза почнува со летови од Скопје
Картите до Охрид се достапни по цени од 49 евра, до Варна по цена од 59 евра и до Краков по 69 евра во еден правец во економска класа. До новите дестинации во Северна Македонија, Полска и Бугарија, Ер Србија ќе лета четири пати неделно, соопштува авиокомпанијата.