АМСМ информира дека поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес – Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај.
Би можело да ве интересира: Имаме датум кога автопатот Кичево – Охрид ќе биде завршен!
- Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско, соопштуваат од АМСМ.