ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk, пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и преку мобилната апликација достапна за Android и iOS.
– На едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на упатствата, приложени на e.vodovod-skopje.com.mk, корисниците на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје имаат можност да поднесат барање за добивање на електронска фактура. „Доколку не сте регистриран електронски корисник, а сакате да ја добивате вашата фактура електронски, следете ги упатствата на e.vodovod-skopje.com.mk и пополнете го формуларот за е-фактура и скениран доставете го на e-faktura@vodovod-skopje.com.mk или во приемните канцеларии на Сектор наплата при ЈП „Водовод и канализација” – Скопје”. Досега, оваа можност ја имаат искористено 50.000 физички лица, кои истовремено придонесуваат и кон заштита на животна средина, што е една од целите на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, како општествено одговорно претпријатие, се наведува во денешното соопштение на претпријатието.
Достапноста на услугите на претпријатието, како што посочуваат, е овозможена и преку мрежата на таканаречените киосци за плаќање на сметки, распоредени на четири локации во градот. Во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, во корисничкиот центар на ЈП „Комунална хигиена”, во ГТЦ – приземје и во Капитол мол.
– ЈП „Водовод и канализација” – Скопје работи во интерес на сите корисници и во таа насока, информираме дека сервисирањето на долговите може да се изврши и со склучување на договори за отплата на заостантиот долг на рати на шалтерите во Дирекцијата на претпријатието, нагласуваат оттаму.
извор: 24info.mk