Од седумте стадиони што Катар ги изгради за Светското првенство, еден имаше привремен карактер и ќе исчезне по неговото завршување. Стадионот „974“ ја исполни својата спортска улога со мечот Бразил-Јужна Кореја во осминафиналето и ќе биде размонтиран, што е овозможено од тоа дека делумно беше направен од рециклирани транспортни контејнери и челик. И покрај тоа, чинел околу 200 милиони долари.
Засега е непознато што ќе се случува со стадионот. Имаше најави дека ќе биде подарен на некоја земја, а медиумите пишуваа дека монтажните елементи би можеле да бидат превезени во Африка или Уругвај, кој сака да се кандидира за еден од домаќините на СП 2030.
„Во моментов се финализира временската рамка за целосно демонтирање и пренамена на стадионот“, велат организаторите.