Во минатото беше дури и најдобар во целиот свет!
Страницата Europe Best Destinations објави листа на најдобрите скијачки центри за 2022/2023. По шести пат, ски-центарот во Франција, Вал Торенс, е прогласен за најдобар во Европа.
Тој е најмладиот од сите поголеми скијачки центри во Европа, кој оваа година слави 50-годишнина. Покрај тоа што е прогласен за најдобар ски-центар во Европа, овој ски-центар седум пати ја освојуваше и престижната титула за најдобар ски-центар во светот.
Секоја зима Вал Торенс и неговиот тим од професионалци даваат се од себе за да им обезбедат на туристите магично искуство. На 2.300 метри надморска височина, Вал Торенс е посветен на иновации и создавање уникатни спомени.
Прочитајте: Не се само Копаоник и Златибор - Со новиот план за развој на ски-центарот, Попова Шапка ќе биде вистинска атракција
Ски-центарот се отвори на 19 ноември 2022 година и останува отворен до 8 мај 2023 година. Ски карта во овој ски-центар може да се купи од 4 часа скијање до 8 дена скијање. Оној за 4 часа чини 44,80 евра за деца од 5 до 12 години, 56 евра за деца и возрасни од 13 до 64 години, а за оние од 65 до 74 години чини 50,40 евра.
Ски карта за 8 дена скијање чини 316,80 евра за деца на возраст од 5 до 12 години, 396 евра за деца и возрасни од 13 до 64 години и 356,40 евра за оние на возраст од 65 до 74 години.
Цената на ноќевање во декември започнува од 471 €, а во првиот месец од следната година од 387 €. Голем број од хотелите имаат дрвен мебел и облоги, а некои имаат и поглед на планина. Паркинзите се бесплатни пред хотелите. Цената за ноќевање во првиот месец од нареднате година за три лица започнува од 210€.