Отворени позиции во банка, повеќе странски фабрики, телефонски оператор, а има и оглас за работа од дома
ТТК Банка овозможува одлична шанса за вработување за сите кои што се заинтересирани за кариера во банка. За своите тековни потреби, банката регрутира кандидати за слободните работни позиции во Прилеп (Соработник за клиенти – население во Експозитура Прилеп) и Виница (Референт на благајна во Експозитура Виница).
IFF International е истражувачки институт кој континуирано и успешно работи на македонскиот пазар повеќе од 10 години. Моментално, компанијата има потреба од кандидати со одлични комуникациски вештини и одлично познавање на германски јазик за вработување на позиција Телефонски оператори. Платата изнесува 400 евра плус здравствено и пензиско осигурување. Постои можност за соработка и со заинтересирани кандидати кои не се со постојано живеалиште во Скопје.
Белгиската фабрика Van Hool вработува на дури 13 слободни работни позиции. Компанијата нуди одличен компензациски пакет, обезбеден превоз до работно место и назад и обезбедена исхрана во современа кантина. Доколку сте заинтересирани, вашето CV испратете го на следните огласи: Работник во центар за видео надзор, Контролор на залихи, Инспектор за квалитет и Отворени работни позиции.
Алијанс Уан Македонија АД нуди основна плата (без додатоци и надоместоци) од 22.300 денари и работен ангажман од минимум 1 година (со можност за продолжување) за вработување на позиција Реонски инструктор за тутун.
Сега имате можност да станете дел од успешниот тим на Оне.Вип. За своите тековни потреби, компанијата има активни огласи за вработување во повеќе региони низ Македонија. Доколку сакате работа во успешна компанија, под одлични услови и супер можности да го реализирате својот потенцијал, аплицирајте на следните работни позиции: Key Account Manager – Polog region, Key Account Manager – Southeast region, Small/Medium Account Manager – Southwest region, Key Account Manager – Southwest region, Small/Medium Account Manager – Polog region, Small/Medium Account Manager – Southeast region и Shop Advisor – Negotino.
Германскиот гигант KIEL за своето седиште во Нордлинген, Германија вработува искусни и талентирани професионалци на позицијата: 5-Aixle Milling Machine Operator. Компанијата на своите вработени им нуди компензациски пакет во согласност со нивните квалификации, можност за професионален развој, работа на различни проекти и многу други одлични бенефиции.
Со околу 2.700 вработени, BAUMER претставува светски лидер во производство на сензори и мерни инструменти за фабриките и автоматизираните процеси. За својата нова фабрика во Македонија, компанијата е во потрага по кандидати на следните работни позиции: Industrial Engineer Production Support и Quality Manager.
Тимот на Vrabotuvanje.com ви посакува успех во процесот на селекција!