Се чини дека кризата во светскиот спорт не го одмина ни познатиот каталонски клуб Барселона.
Имено, челниците на клубот од „Камп Ноу“ решија да го изнајмуваат познатиот стадион за термини за фудбал и свадби со цел да го зголемат буџетот.
Една од можностите е 60 минути фудбал на познатиот терен, а цената за секој играч е околу 300 евра.
Исто така, можно е да се организира и свадба, па објавен е ценовник според кој свадба до 50 лица чини 1.600 евра, а оние со над 300 гости достигнуваат цена од околу 13.5000 евра. Се разбира, зборуваме само за изнајмување на просторот.
Сигурно ќе ве интересира: Колку пари да ставите во плик за свадба?
Друга атрактивна алтернатива е терасата на стадионот, која може да се изнајми за шест до седум илјади евра, во зависност од бројот на гостите, овозможувајќи им да се запознаат одблиску со еден од најпознатите стадиони во светот. Клиентите добиваат шест часа користење во избраниот изнајмен простор, помош од хостеси и хигиеничари.