Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен јавен конкурс за субвенционирање на велосипеди на кој ќе може да аплицираат и лицата со телесен инвалидитет.
Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Град Скопје кои треба да достават барање за надомест, доказ за жителство во Град Скопје, копија на вежечка лична карта на барателот, копија од трансакциска сметка на барателот и доказ дека е извршено купување на нов велосипед и тоа со копија од фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум на денот на објавување на повикот.
Од оваа година се воведени и мали измени во Правилниот со цел да се овозможи поголем број на граѓани да добијат субвенции, а за првпат им е овозможено на лицата со телесен инвалидитет да аплицираат на повикот.
Во буџетот на град Скопје предвидени се 30 милиони денари за подобрување на целокупната сообраќајна инфраструктура која е значајна за велосипедистите.