Со повеќе од 100 вкусови, Фанта е еден од најпопуларните газирани безалкохолни пијалоци со овошен вкус во светот. Иако денес го произведува компанијата Кока Кола, тој всушност бил создаден во Германија.
Компанијата Кока Кола пристигнало во Германија во 1929 година. Реј Пауверс, доселеник од Америка почнал да полни шишиња со овој пијалок и благодарение на неговиот труд и упорност успеал да придонесе напредок кај компанијата. За само четири години Кола Кола во Германија почнала да продава 100 илјади сандаци годишно.
Кога во 1933 година Адолф Хитлер дошол на власт, Реј веќе се соочувал со големи потешкотии поради нацистичкиот анти-американизам. Сепак, тој успеал да ја задржи компанијата, да не биде продадена од владата.
За жал, во 1938 година Реј загинал во сообраќајна несреќа, а неговото место го заземал Германецот, Макс Кајт. Неговата извонредна маркетинг стратегија ги убедила луѓето дека Кока Кола е германски производ, давајќи ѝ публицитет со слоганот: „Ајде, земи пауза…“.
Почетокот на Втората светска војна предизвикал сѐ потешка набавка на суровините потребни на производство на пијалокот, па на Макс му останал само еден избор – да измисли нов пијалок.
Ги разгледал состојките што му биле на располагање, остатоци од други прехранбени индустрии и направил нов, портокалов сок. Дури организирал и натпревар за именување на новиот пијалок, насловен како „послужете се со фантазијата“. Така, од германскиот збор Fantasie – фантазија, еден германски трговец, го предложил името – Фанта.
Новиот портокалов сок станал популарен како Кока Колата и фабриките во Германија продолжиле да работат. По завршувањето на Војната, компанијата Кока Кола го прифатила новиот рецепт, а Фанта станала позната низ целиот свет.