Еден трговскиот центар во Белград пријатно ги изненади граѓаните со потег со кој им застана на патот на арогантните возачи.
Во овој трговски центар секојдневно се полни паркинг местата, па со тоа и местата за инвалиди, но со возила кои немаат налепница за инвалиди.
Голем број граѓани го изразија своето незадоволство од тие арогантни возачи, па од трговскиот центар презедоа соодветни мерки.
Возачите кои немаат налепница за инвалиди, овој трговски центар им ги блокира тркалата или подобро кажано, им става канџи, а со тоа им даде јасна порака дека нивното возило нема место на резервираниот паркинг.
Додека тие уживаат во својот шопинг не се ни свесни што ги чека кога ќе пристигнат до своето возило. Тие ќе мора да побараат помош од вработените за да го напуштат трговскиот центар.
Дали после оваа иницијатива ќе се зголеми свеста кај возачите? – Што мислите....