Синдикатот кој ги застапува трговците во продавниците на шпанскиот моден брeнд ЗАРА се откажа од планираните штрајкови во седиштето на матичната компанија во градот Коруња, откако е постигнат договoр за зголемување на платите за 25 отсто, изјави претставничка на синдикатот.
Околу 1.000 вработени во продавниците на ЗАРА и во продавниците на другите модни брендови во сопственост на „Индитекс“ најавија штрајк за 7 јануари идната година, барајќи зголемување на платата, откако ја одбија последната понуда од компанијата.
-„Индитекс“ се согласи месечно да плаќа по 322 евра повеќе на продавачите кои работат во неговите 44 продавници во Коруња – изјави лидерката на синдикатот.
Освен покачување на платата, вработените ќе добијат и еднократен бонус од 1.000 евра што ќе им биде исплатен во февруари.
Договорот исто така вклучува изголемување на платата за 20 евра во ноември 2023 и од 40 евра во 2024, истакнуваат од Синдикатот.
Месечната плата на продавачите во ЗАРА во Коруња моментно се движи меѓу 1.058 и 1.400 евра.
Дали ваквото покачување ќе значи и зголемување на платите на вработените во Зара ширум Европа, вклучувајќи ја и Македонија?Или станува збор само за локална промена?