Германија се соочува со дуплирање на барањата за работни визи од балканските земји, а нејзините дипломати во регионот веќе не се во состојба да ги обработат сите барања, пишува “Шпигел“.
Амбасадите на Германија во Македонија, Албанија, Босна, Косово, Србија и Црна Гора добиле дури 52.000 вакви барања во првата половина на 2018 година, што е двојно повеќе во споредба со истиот период во 2015 година. Најмногу работни визи се издаваат во секторите градежништво, угостителство и грижа за стари и болни лица.
– Бројот на примени барања далеку ги надминува капацитетите на нашите конзуларни претставништва, што доведе до се повеќе жалби од страна на претставници на стопанството, политичката и граѓанското општество, пишува во интерен документ на германското Министерство кое го објави „Шпигел“.