Најскапото гориво на територијата на поранешна СФРЈ се точи на бензинските пумпи во Србија и покрај тоа што во последните неколку недели и во оваа земја поевтинија еуродизелот и бензините од 95 октани, анализираше порталот N1.
Цената на основниот бензин на пумпите во Србија е 1,40 евра, додека литар дизел чини 1,68 евра. Основниот бензин е најевтин во Босна и Херцеговина – 1,21 евро, додека цената на дизелот моментално е најниска во Македонија, каде што чини 1,31 евро.
Во Хрватска од 20 декември литар бензин од 95 октани чини 1,28 евра, додека цената на дизелот е 1,44 евра.
На 20 декември основниот бензин на пумпите во Словенија поевтини за нешто повеќе од 12 центи и сега чини 1,24 евра, а дизелот се намали на 1,47 евра за литар.
Литар бензин од 95 октани во Црна Гора чини 1,30 евра, додека цената на дизелот е 1,42 евра. Во Северна Македонија на 27 декември основниот бензин поевтини на 1,26 евра, а дизелот на 1,31 евро пишува N1.