![Првото бебе во 2023 година е машко](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/d7/81b2c67d-resize-820x0x100.jpg)
Првото бебе во 2023 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот. Бебето е од машки пол, тешко е 3720 грама и е долго 51 сантиметар, информираат од Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје.
Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете.
Од ЈЗУ ГАК на новороденчето му посакуваат добро здравје и среќно детство.