Агенцијата за вработување на РМ на ден 11.07.2018 година објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За невработените лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис преку Проектот за самовработување со кредитирање. Право на учество имаат сите евидентирани невработени лица без оглед на времетраењето на невработеноста, односно невработени лица активни баратели на работа кои се на евиденција 1 ден пред објавување на јавниот оглас.
Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:
-За дејности од помал обем за секое новоотворено работно место може да се добијат кредитни средства по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 3 работни места, односно до 9.000 евра;
-За дејности од поголем обем за кредитобарателот по 5.000 евра, а за секое новоотворено работно место по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 17.000 евра;
-Рок на враќање на средствата е 3 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит до 9.000 евра, односно 5 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит над 9.000 евра;
-Каматна стапка од 1% на годишно ниво;
-Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари);
-Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит;
-Дополнителни стимулативни средства до 1.000 евра за лица кои се невработени по основ на технолошки вишок, стечај или ликвидација што имаат користено паричен надоместок најмалку 6 месеци и се невработени повеќе од 3 години.
Заинтересираните невработени лица барање за кредит можат да поднесат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Република Македонија, секој работен ден од 09:00до 14:00 часот.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02/3111-850 и web страната www.avrm.gov.mk.
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА