Би можело да ве интересира: Идеално место за работа и просечна плата од над 3,000 евра
На Германија итно и е потребен кадар за работа. Земјата во идина планира да собере околу 50.000 балканци. Германските власти ја разгледувата опцијата да ја удвојат квотата за доселување на неквалификуван кадар од земјава, но и од соседството, односно од Србија, БИХ, Косово, Албанија, Црна Гора, за да ги пополнaт празните работни места. Ова го пишува во предлог законот кој го има на увид германската новинска агенција ДПА.
Според документот се олеснува и процедурата за добивање на германско државјанство. Тоа значи дека странците не мора да се откажат од пасошот на матичната земја. Исто така, иселениците за да добијат државјанство ќе можат да аплицраат и по пет години престој, наместо како што е сега по осум години. Периодот од пет години ќе има опција и дополнително да се скрати, ако апликантот покаже дека има добри резултати на училиште или на работа.
Ваквите олеснувања дополнително ќе ја испразнат државава, сметаат домашните стопанственици. Велат дека ова треба да биде аларм за владата да преземе нешто и да се обиде да ги задржи работниците тука особено младите.
Тонско – Дрилон Исени- извршен директор на северозапдна комора на Македонија.
„Ова иницијатива се надевам дека ќе значи аларм за Владата да ја заштити постоечката работна сила во земјава, која ни е потребна, затгоа што не губи само бизнисот работна сила , губи и државата и економијата и потрошувачката. Дали е доцна можеби, но не значи дека треба да се откажеме. Ова е тренд кој државата треба да го реши, бизнисот е тука да помогне. Што се презема за правосудството, за јавните услуги за сивата економија, за младите да отворат поленсо бизнис“, вели за Телма, Дрилон Исени, извршен директор на Стопанска Комора на Северозападна Македонија.
Во измените кои планира да ги направи Германија, влегува и таканаречената „карта за шанса за барање на работа”. Со ова луѓето поедноставно ќе се доселат во Германија и на лице место ќе можат да бараат работа. Оваа карта за шанса најверојатно ќе се доделува според нов систем на бодирање, на секој кој ќе собере шест поени.
Четири бода донесува одредена стручна квалификација, три бода носи добро познавање на германскиот јазик или три години работно искуство, два поени се добиваат ако лицето е помладо од 35 години, а еден ако порано барем шест месеци легално престојувало во Германија.
Според проценките, во Германија недостасуваат 400.000 луѓе годишно за да може да функционира економијата, здравството и негата на стари лица. На пример, на националната железничка компанија оваа година има потреба од нова работна сила. Бараат дури 25.000 работници. А, поради тоа што германскиот јазик е пречка за повеќе работни места , англискиот полека но сигурно станува официјален јазик.
Во изминатите години, пак, земјите од Западен Балкан се местото од каде најмногу се црпи потребниот кадар за работа. Секоја година, бројот на оние кои заминуваат на работа во европските земји, значително расте. Така, според последниот попис, од земјава над 250.000 лица се во странство повеќе од една година. За 20 години, пак, населенито во Македонија е намалено за 9,2 проценти.