Изминатата година беше исполнета со многу предизвици за Нелт СТ во поглед на Ковид 19, инфлацијата и економската криза. Компанијата покажа дека со тимска работа и добра организација, може да се надминат сите препреки, па и 2022 година ја завршија со одлични резултати и ги исполнија очекувањата на Групацијата.
За одличните остварувања, вработените прославија во ресторанот Ragusa 360 Rooftop со добра музика и веселба. Настанот го отвори извршниот директор Сашко Блажевски, кој им се заблагодари на вработените за вложениот труд, напорната работа и огромниот придонес во остварувањата. Тој нагласи дека успехот е тимски и не штедеше зборови да го пофали менаџментот и сите вработени кои ја живеат културата на компанијата и го одржуваат епитет Компанија Број Еден.
Следуваше традиционалното доделување на благодарници за вработените кои одбележаа 10 и 20 години во компанијата, што е уште еден показател дека компанијата е пожелен работодавач со квалитетни кадри. Потоа следуваа наградите за Нај Колега кои ги додели Снежана Враговска, сениор бизнис партнер за човечки ресурси. Оваа година беа доделени две награди за Нај Колега и три специјални награди за вработените кои ги претставуваат Нелтовите вредности.
Официјалниот дел од прославата продолжи со прогласување на победниците на Мастерс натпреварот кој е идеја и реализација само во Нелт Македонија. Натпреварот траеше во текот на цела 2022 година, а тимот со најдобри резултати и одличен тимски дух беше награден со патување во Дубаи, кое ќе се реализира овој месец.
По завршување на официјалниот дел, вработените продолжија со забава, а за атмосферата се погрижија бендот Southpark и музичарот Горан Папаз во придружба на диџеј.
Дел од атмосферата и наградените може да ги погледнете на фотографиите подолу.
Сакаш да станеш дел од тимот на НЕЛТ? Следи ја компанијата!