Еден од најпрепознатливите грбови во автоиндустријата настанал во 1952-ра година.
Инспириран од грбот на градот Штутгарт, грбот на Porsche настанал неколку години откако е произведен првиот 356 модел. Прикажува исправен коњ во средината врамен во контура на златен штит. Горе е поставено името на градот окружено со државните бои – црвена и црна – и стилизирани рогови кои потекнуваат од гробот на Вуртемберг-Хохензолернов. Над се натписот Porsche делува како заштитен кров.
Иако Porsche 356 вози од 1948-ма година, идејата за логото настанала неколку години подоцна, кон средината на 1951-ва година, кога Porsche и штутгартскиот доктор и сопственик на „Porsche“, основале натпреварување за избор на дизајн со главна награда од 1.000 германски марки. Никој не ја освоил наградата, а идејата се развила „преку барата“, во Њујорк.
Таму Макс Хофман, со потекло од Австрија, сопственик на компанија за увоз на европски автомобили, почнува да увезува „356“. Со овој автомобил освојува награда за најинтересно возило на „Concours d’Éléganceu“. Меѓутоа, Хофман гледа дека нешто недостасува и на вечера со Фери Порше нагласува дека на Porsche му е потребен грб – препознатливо лого со моќен идентитет.
Porsche ја прифаќа идејата. Дизајнерот на Porsche Франц Ксавер Рајмшпаис добива задача да го осмисли грбот на компанијата кој достоинствено ќе го симболизира нејзиното потекло, но и квалитетот и динамичноста на нејзините производи.
Грбот е презентиран во 1952-ра година и од тогаш доживеал пет изданија, но во суштина не се менувал многу.
извор: biznisinfo.mk