Правејќи истражување во нашата земја на компании кои воведуваат иновативност и свежина во начинот на функционирање, вниманието посебно ми го привлече водечката компанија со над 6.200 вработени-бројка достојна за восхит и почит.
Станува збор за надалеку прочуената фабрика КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола, стационирана во индустиската зона “Жабени”, за која редовно се крева многу прашина и која исто како легендарниот “Пеле” што успеа да стане синоним за фудбал така и “Крошу” полека, но сигурно станува синоним за иновативност, ентузијазам, мотивација, сполетоност, правичност и чесност во деловното работење.
Една од одликите и атрибутите на оваа компанија е третманот кој го добиваат вработените бидејќи тие се клучната алка во целиот производен процес. Мисијата на одделот за човечки ресурси е максимална посветеност и вложување во мотивираност и развивање на потенцијалот на највредниот фактор во 21 век без кој не би се постигнале зацртаните цели и планови. Филозофијата според која се води оваа компанија е: само среќен и мотивиран вработен може да создаде успешна компанија која брзо ќе се истакне од конкуренцијата и ќе постигне надпросечни резултати.
Од досегашното истражување може да се заклучи дека вработените кои се дел од најголемата компанија во Пелагонискиот регион, уживаат во многубројни поволности како што се: редовни примања, платен превоз и обезбеден оброк, можности за унапредување, многубројни деловни патувања ширум светот, посетување на обуки, купување на производи на рати или по намалени цени, присуство на забави, културни настани, спортски активности кои се организирани во нивна чест и многу други работи по кои тие се препознатливи.
Од сите претходно наведени бенефити, најзначајна е фер и коректниот однос кој го има компанијата спрема своите вработени, а за истото да биде спроведено главен виновник е одделот за човечки ресурси кој секојдневно дише и работи во интерес за своите вработени.
Несвојствено и помалку практикувано од страна на македонските компании е зголемување на платата на работникот и за жал во пракса вработените се среќни ако воопшто работодавачот им исплати плата за вложениот труд, и тоа иста плата после многу или повеќе години работа во компанијата. За разлика од останатите, КШМК е компанија која не само што редовно им исплаќа плата на своите вработени во која се вклучени и бонуси туку во изминатите години повеќекратно ги зголеми платите и со тој чекор само потврди дека заслужено ја носат титулата Трендсетери во мисијата за среќни и задоволни вработени!
Помалку познат факт е дека иако постојат разни гласини за оваа компанија, КШМК нескромно може да се пофали дека им покажа на останатите компании на нашите простори како правилно може да се работи и воведе бројни новитети во начинот на работење и делување кои денес се копираат и применуваат од страна на многу компании. Крошу беа првите во Македонија , сега кога се соочуваме со безмалку исцрпен пазар на работна сила во државата, останатите се обидуваат да го следат нивниот пример. Сведоци сме дека повеќе компании во изминатиов период организираат отворени денови, ги отвараат вратите за дечињата на вработените, креираат апликации за вработување, делат подароци, организираат забави, прават видео клипови... Како што велат од компанијата, тоа е „Крошу ефектот“ во Битола и пошироко.
Дополнително, иако Крошу не практикуваат да се фалат кога станува збор за нивната докажана општествена одговорност, вредно е да се спомене дека не постои друга компанија во регионот која толку редовно и посветено поддржува и одвојува средства за општествено корисни проекти и настани, здравствена грижа за населението, грижа за децата, медицински третмани за поединечни граѓани на кои тоа им е потребно како и многу значајни културни и спортски настани во градот и пошироко. Како што често велат од компанијата – така се сака Битола и регионот.
Во контекст на сé погоре кажано, постои една стара изрека која вели зад секој добар коњ се крева многу прашина или со други зборови: не верувајте премногу на разни гласини кои ги слушате бидејќи секоја нова идеја поминува прво низ фаза на критикување и сомнеж, па откако ќе се согледаат позитивните ефекти (благодетите) од нејзината примена следува фазата на нејзино копирање и спроведување.
И за крај уште нешто :) Кога носите круцијални одлуки во животот секогаш следете и слушајте го внатрешниот глас кој најдобро и најправилно ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор за себе!
Ние овде во Македонија секогаш сме брзи кога треба нешто да искритикуваме, но овој пат Крошу заслужија пофалба ! Им посакуваме успех и се надеваме дека нивниот пример и пракса во областа на управување со човечките ресурси ќе го следат и многу други компании.