Упатените сметаат дека суеверието во цела оваа приказна ги однело најбитните детали за ваков голем празник.
Православниот свет и верниците денеска слават сеќавање на главосеча на Свети Јован, или празник во народот познат како есенски Свети Јован или Јован Главосек.
Најголема можна заблуда која постои во народот е утре да не се јаде ништо црвено и дека треба да се погледне во небо како би се исполнила токму тој ден било која желба. Тоа не само што е заблуда туку некоја врста магично верување во Бог, а суеверието во оваа приказна ги однело најбитните детали за ваков голем празник.
Ако денеска замислите три желби, се верува дека ќе ви се остварат. Потребни е само тоа да го сторите во точно одредено време.
Она што е битно утре да одете во Храм на Литургија, да се помолите на Господ за своте блиски и упокоени, да постите овој понеделник и дека тој може да биде скала која ќе ве искачи кон тоа да смогнете сили и почнете да постите и во среда и петок во наредниот период.
Еве што се лучило на главосек на светиот Јован Крстител.
Ирод Антипа, син на Ирод Постариот, егзикутор на младенци за време на раѓањето на Исус Христос, и бил господар галилеј во време на проповедувањата на Јован Крстител. Ирод бил оженет со ќерката на арапскиот кнез Арете.
Набрзо ја избркал својата законска жена и за себе ја земел љубовницата на Ирод, жена на својот брат Филип, кој се уште бил жив. Против тоа станал Јован Крстител и пред сите го нападнал Ирод.
Бидејќи царот не дозволувал било кој да зборува против него, Јован набрзо се нашол во зандана. За време на една забава во својот двор во Галилејска Севастија, прд гостите играла Саломија, ќерка на Иродија и Филип.
Пијаниот Ирод, занесен од играта, и ветил на танчерката дека ќе и даде што и да поска, а таа ја побарала главата на Јован Крстител на тацна.
Ирод наредил тоа да се направи, со што желбата на танчарката била исполнета. Учениците на Јован го земеле телото на својот учител и го погребале, а Иродија му го боцнала јазикот на Јован а главата ја закопала на нечисто место.
Смртта на светиот Јован се случила пред Паса, а празнувањето на 11 септември, воспоставено е поради тоа што тој ден е осветена црква која е подигната на неговиот гроб во Севастија е од царот Константин и царицата Елена.
извор: vesnik.com