Тие се искрени, отворени и љубопитни личности. Нивната искреност е ретка и тие се луѓе кои никогаш нема да ве излажат и секогаш ќе ви кажат дека можеби вашата облека не ви стои најдобро.
Но, тоа секогаш ќе го направат на спонтан и симпатичен начин, кој ги воодушевува луѓето. Станува збор за Водолиите. Тие се отворени личности кои сакаат да се забавуваат и да бидат меѓу луѓето. Тие се подготвени да помогнат, а нивната интелигенција нема граници.
Исто така, не сакаат кога некој им кажува што да прават и точно знаат како да ги добијат нештата кои ги сакаат. Поради тоа што се многу љубопитни, не трпат досада и не можете да ги видите постојано на исто место.
Сакаат да ги менуваат нештата во својот живот, од стајлингот до изгледот на својот дом. Обожаваат да го имаат главниот збор, но не немаат проблем да сослушаат и туѓо мислење.
Водолиите не обрнуваат внимание на неважни нешта и немаат предрасуди кон другите. Сакаат да сонуваат и да замислуваат подобар свет, но знаат и потполно да се исклучат како тогаш кога се сами, така и кога се во друштво.