Солидарен данок, наместо данок на добивка. Ова ќе биде новото име за давачката која ќе ја плаќаат успешните македонски компании кои во време на кризата оствариле екстра профит.
По реакциите на бизнисмените дека ниту еден закон не смее да важи ретроактивно - ако останеше старото име и начин на пресметување, односно задржување дополнителен данок на добивка од нето добивката за 2022 година ќе беше противуставен и неприменлив, велат за Сител даночните експерти.
Данокот со ново име ќе ги опфаќа компаниите со вкупен приход поголем од 10 милиони евра за 2022 година, а ќе се пресметува од иста даночна основа како што беше планирано, но ќе се плаќа и ќе биде трошок на 2023 година. Засега постојат два модели за кои се разговара, првиот е како основа да утврди разликата меѓу даночната основа на данокот на добивка после намалување за 2022 та година и просекот на даночна основа за 2017, 2018, 2019 и 2021 поделено со 4 и зголемен за 20%, а вториот е да се пресметува како разлика од просекот на овие големини за 2021 и 2022 и просекот за 2017, 2018 и 2019 зголемен за 20%.
Даночната стапка што ќе се применува на оваа разлика изнесува 30% и ќе мора да се плати до 30 април годинава.
Прочитајте: До кога ќе поскапуваат становите? Квадрат во Скопје стаса и до 2.200 евра
Според владините пресметки, солидарниот данок ќе опфати над 180 компании., а во буџетот ќе се соберат околу 90 милиони евра – пари кои ќе бидат наменети за граѓаните и стопанството полесно да ја пребродат кризата.