Интересот на работниците во Македонија за доаѓање на југот на Хрватска е голем. Околу 890 вработени од Македонија минатата сезона работеле на хрватското приморје а тамошните работодавачи велат дека била воспоставена одлична соработка, како и добар однос меѓу работодавачите и вработените.
Ваквиот однос хрватските угостители очекуваат да се продлабочи и оваа сезона, за тоа повторно огласите за барање работа се насочени токму кон македонските граѓани. На нашиот сајт кој патем е партнер со најголемиот хрватски порал за вработуње Мој посао веќе ги има активни огласите од саемот за огласи во туризмот Сезонац.хр
– Во нашата индустрија има низа пролеми, но приоритет рој еден и натаму е недостатокот на раотна сила. Ако немаме луѓе, се друго ќе ни иде пролем. Врз основа на искуствата од претходните години, квотите што ги имаме за странци, фактот дека на работодавачите повеќе им одговараат работници од непосредната околина поради јазикот и сличностите во менталитетот, сфативме дека македонскиот пазар ни е многу важен – рече претседателката на Занаетчиската комора и еснафот на угостителско-туристичките раотници Дурбовничко-неретванската жупанија Николина Фарчиќ.
За своите искуства со вработените од македонскиот пазар, познатиот дубровнички угостител Ѓани Бановац вели:
-Минатата година бев принуден да увезувам работна сила и имам исклучително добро искуство од тој пазар. Сакам да го споделам моето искуство и да им помогнам на нашите компании и угостители да најдат работна сила. Овојпат се засновавме на Македонија бидејќи мислам дека тие вработени ни се поприфатливи. Сепак, потребни ни се луѓе кои го зборуваат нашиот јазик, а за некои професии како келнерите тоа е клучно - вели Бановац,
Со ваквите изјави и насоки, факт е дека Македонија станува прв избор за сезонски работници во Хрватска