Ревизорската куќа PwC бара од кандидатите да ги наведат работните часови кои најмногу им одговараат
Компанијата PwC лансираше нова радикална измена во својата регрутерска пракса каде што од кандидатите кои аплицираат се бара да предложат кои работни часови од неделата сакаат да доаѓаат на работа.
Одтаму велат дека овој флексибилен пристап е прифатен со цел да се привлечат кандидати кои не се баш обожувачи на стандардното работно време од 9 до 17 часот.
На овој начин, на секој кандидат кој ќе се пријави на оглас за вработување му е овозможено покрај неговите вештини, да ги наведе и преферираните работни часови кои сака да ги помине на работа.
Оваа одлука доаѓа по една студија на компанијата во која е потврдено дека дури 46 проценти од вкупно 2.000 испитаници се изјасниле дека преферираат флексибилно работно време кога бираат работа.
Кога доаѓаат да работат во голема компанија, луѓето претпоставуваат дека го следиме стандардното работно време. Ние сакаме да ставиме до знаење дека во PwC тоа не е случај, вели Лаура Хинтон, директор за човечки ресурси во PwC.
Таа додава дека флексибилното работно време покрај тоа што е добро за луѓето, поволно е и за бизнисот, економијата и општеството во целост.