Американскиот производител на персонални компјутери Dell Technologies во понеделник објави дека ќе укине 6.650 работни места поради послабата потрошувачка на граѓаните и компаниите во услови на висока инфлација и повисоки трошоци за задолжување.
Можеби ќе ве интересира: Колкави отприемнини добија отпуштените од технолошките гиганти?
Технолошкиот гигант се приклучува на низата фирми, вклучувајќи ги Alphabet, Amazon, Meta и Microsoft, кои најавија десетици илјади отпуштања во технолошкиот сектор, најмногу од падот на dot.com на почетокот на векот, според консултантската куќа Challenger, Gray & Christmas.
Во јануари Amazon почна да отпушта 18.000 вработени, Мета планира да отпушти 11.000, а Microsoft планира да отпушти 10.000 работници.
Во 2022 година, технолошкиот сектор објави повеќе од 97.000 отпуштања, најмногу од 2002 година кога отпушти 131.000 работници, според податоците од Challenger, Grey & Christmas.
Раководството на Dell предупреди на високо ниво на несигурност во бизнисот.
„Можеме само со сигурност да утврдиме дека ситуацијата на пазарот континуирано се влошува и дека иднината е неизвесна“, напиша еден од главните оперативни директори, Џеф Кларк, во меморандум до вработените.
Минатите потези на Dell за борба против предизвикувачкото економско опкружување, вклучително и прекин во аутсорсингот, ограничувања за патувања и намалени трошоци за надворешни даватели на услуги, „повеќе не се доволни“, рече Кларк во меморандумот објавен од компанијата.
На крајот на јануари, Dell имаше околу 133.000 вработени, од кои приближно една третина беа вработени во САД.
Извор: kumanovskimuabeti.mk