Сеизмолозите тврдат дека (сè уште) не постои технологија во светот која на кој било начин може да предвиди кога и каде ќе се случи земјотрес, ниту со каков интензитет ќе биде.
Сеизмолозите тврдат дека (сè уште) не постои технологија во светот која на кој било начин може да предвиди кога и каде ќе се случи земјотрес, ниту со каков интензитет ќе биде.
Човечката интелигенција ја нема оваа можност, но истото не може да се каже и за животните. За разлика од луѓето, тие можат да претчувствуваат тресење на земјата, што е докажано многу пати досега.
Можеби ќе ве интересира: Како да реагирате и да се заштитите во случај на земјотрес?
Босанскиот голман Горан Карачиќ, кој настапува за турскиот Аданаспор, синоќа се појави во дневникот на HRT и ја опиша драмата што ја доживеал заедно со сопругата. Рече дека животот му го спасил никој друг туку неговото куче.
На крајот на 2020 година и Петриња во Хрватска беше погодена од силен земјотрес. Уште тогаш, многу граѓани на Хрватска се појавија со слични искуства во кои опишаа како нивните миленици го претчувствувале тресењето на земјата.
„Нашето куче се сокри во бањата, по што побегна уште пред да се затресе по вторпат“, „Кучето нѐ разбуди со лаење, па во два наврата почувствувавме дека се тресе“, напишаа тогаш Хрвати на социјалните мрежи.
Изгледа дека тоа не е само народно верување. Овој феномен за боснаскиот портал Klix го објаснил Енсар Медедовиќ, доктор по ветеринарна медицина, член на фондацијата Dogs Trust и инструктор за обука на кучиња од Сараево.
„Некои животни, особено кучињата, навистина можат да предвидат земјотреси, што е докажано многу пати досега. Кучињата имаат над 250 милиони олфакторни клетки, за разлика од луѓето кои имаат само 5 милиони. Тие обично го манифестираат своето 'претчувство' преку агресивно однесување и хиперактивност, придружено со гласно лаење неколку моменти пред самиот удар“, вели Медедовиќ.
Додава дека животните имаат повисока горна граница на фреквенција од луѓето, што може да ги објасни нивните „супермоќи“ до одреден степен.
Британскиот биолог Руперт Шелдрејк во својата книга „The Sense of Being Stared At“ зборува за многу докази за чудно однесување на животните непосредно пред земјотрес.
Ова е без сомнение уште еден доказ зошто кучињата со право го носат епитетот на најдобар пријател на човекот и една од причините зошто би било пожелно да ги имаме овие благородни животни во наша близина.
Извор: kajgana.com