![Овој скопски локал нуди бесплатно кафе за сите кои ќе донираат](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/79/a3dbda97-resize-820x0x100.jpg)
Бифе Тафталиџе со искрен и навистина хуман потег. За да ги мотивираат скопјани да донираат за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, нудат бесплатно кафе.
Би можело да ве интересира: Донација наместо порака за паркинг - никој не остана рамнодушен на овој хуман гест!
- Од утре, па до сабота важи ова правило: Бројот е 143-400 (Телеком и А1). Повикот е 100ден. Доѓаш, пиеш Лаваца кафе во Бифе или напред, на тераса, праќаш СМС и кафето е платено. Толку можете - толку можеме, се вели во нивниот повик.
Бифето Тафталиџе се наоѓа во трговскиот центар Алуминка, на булевар Партизански одреди.