Од 24 јануари до 2 февруари се одржа онлајн саемот на сезонски работни места Sezonac.hr, најголемиот виртуелен саем на работодавачи кои бараат квалитетни сезонски работници и вработени кои бараат напредок во кариерата.
Би можело да ве интересира: Официјално: Над 10.000 Македонци лани работеле како странци во Хрватска
На овогодинешниот саем учествуваа 37 работодавачи - трговски синџири, хотели и угостителски објекти, а посетителите можеа да се пријават на повеќе од 200 огласи за вработување.
Најбараните сезонски работници - продавачи, келнери и магационери
Саемот забележа повеќе од 200.000 посети и повеќе од 1.200.000 прегледи на страници, како и 7.200 апликации за огласени работни места.
Земајќи го во предвид бројот на слободни работни места на кои работодавачите барале „засилување“, најбарани сезонски работници се продавачи, келнери, готвачи, магационери и собар/собарки, а воедно ова се и огласите кои имаа најмногу пријави.
Очекувано, најголем дел од огласените вработувања на саемот беа за сезонска работа, но во значителен број огласи работодавачите понудија можност и за засновање на постојан работен однос по завршувањето на летната туристичка сезона.
Голем интерес на работниците од регионот
Покрај работобарателите од Хрватска, саемот уште еднаш предизвика голем интерес кај работниците од регионот и како и претходните години, голем број пријави за огласени позиции забележаа и кандидати од соседните земји.
Работобарателите од Македонија, Босна и Херцеговина и Србија и годинава изразија најголем интерес да најдат сезонска работа во Хрватска.
На саемот учествуваа:
Valamar, Lidl, Maistra, Liburnia, Le Méridien Lav, Aquapark Istralandia, Blue Sun, Jadranka Trgovina, Aroma Global, Tommy, Aminess, Jamica, INA, Best Solutions, Jadran d.d., Zagrebačka pivovara, Coca Cola, Konzum, Petrol Spar, Radisson Blu, Proficio, Kaufland, McDonald's - Global Food, Eurospin, Uniline Group, Roan Camping Holidays, Maslinica, Adriatic Camp, Esplanade, Cresanka, Lush, Lošinjska plovidba, Rudan, Vila Rova и Sunsail Adriatic.