Што доколку сте физичко лице и сакате да започнете бизнис?
За разлика од трговските друштва кои се упишуваат во трговскиот регистар, физичките лица кои вршат угостителска дејност се регистрираат во регистарот што го води градоначалникот на општината, а во градот Скопје кај градоначалникот на општината на подрачјето на град Скопје. Оние физички лица кои решиле да вршат угостителска дејност можат да даваат:
- угостителски услуги за сместување и исхрана во куќи
- угостителски услуги во апартамани и соби за одмор
- угостителски услуги во селски домаќинства
- угостителски услуги во пловни објекти
- конфекционирани угостителски услуги во наменски подвижни објекти
Според Законот за угостителска дејност, физичките лица кои даваат угостителски услуги се должни:
- видот и категоријата на објектот да го истакнат на видно место
- на видно место на влезот на објектот да биде истакнат називот на услугите кои се даваат
- цените на услугите за сместување да бидат истакнати на видно место во онаа просторија во која се вршат услугите
- да се издаваат сметки со назначен вид, количина и цена на дадените услуги
- да се води книга за евиденција на гостите
- телефонскиот број на Државниот пазарен испекторат да биде истакнат на видно место
Физичките лица кои вршат угостителска дејност поднесуваат барање за упис во регистарот до градоначалникот на општината, а во градот Скопје до градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје.
Барањето треба да содржи и:
- пријава до Државниот пазарен испекторат за исполнети минимално –технички услови
- доказ за сопственост во случај кога има вршење на угостителски услуги за сместување во куќи, апартмани и соби
- доказ за сопственост во случај кога се работи за селски домаќинства во кои се даваат услуги на издавање соби и апартамани
- доказ за платена административна такса во износ од 50 денари
Барањето се поднесува на два идентични обрасци, со еден прилог на докази.