Амстердам ја забрани марихуаната во познатиот округ Red Light.
Би можело да ве интересира: НОВО ВО ЕВРОПСКИ ГРАД: Туристичките автобуси ќе се паркираат на периферија, а туристите оттука ќе користат јавен превоз
Градскиот совет на Амстердам одлучил да го забрани пушењето марихуана во познатиот кварт Де Вален, попознат како округ на црвено светло, а новиот закон ќе стапи на сила во средина на мај.
Раководителите на градот воведуваат и други ограничувања поврзани со ноќниот живот, а целта е да се подобрат условите за живот на граѓаните кои долго време се жалат на однесувањето на туристите, пренесува „BBc“.
Според новиот закон, рестораните и баровите во округот Црвено светло ќе можат да работат до два часот по полноќ во петок и сабота.
Заедно со новите закони, Амстердам напролет ќе започне специјална кампања наменета за туристите, кои во главниот град на Холандија доаѓаат поради дрога, алкохол и секс.