Веројатно моќните компании ги интересира што носи предлог законскиот текст за данокот на солиадрност.
Овој данок ќе го плаќаат сите фирми што лани оствариле приход од над 10 милиони евра. Овие компании на разликата во добивката во однос на претходните три години, ќе платат данок по стапка од 30 отсто. За оние, пак, кои нема точно да ги пријават заработките или нема да го платат данокот, предвидени се и казни.
Целта на овој закон е секој да учествува во намирувањето на јавните расходи во согласност со своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од кризата.
Со оглед на комплицираниот опис, сите заинтересирани можат да го погледнат законот тука.
А, не се мали ни казните. Па така, глоба во износ од 1.800 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе плати даночен обврзник правно лице, доколку е среден трговец и од 3.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на даночен обврзник - правно лице голем трговец за прекршок, ако не поднесе до Управата за јавни приходи соодветен образец за пресметување на данокот за солидарност во утврдениот рок. Глоба во износ од 150 до 500 евра ќе има за одговорно лице ако е среден и од 200 до 500 евра ако е директор кај голема компанија. Доколку, пак, данокот не се плати навреме во утврдениот рок, глобата е 1.800 до 6.000 евра за среден и од 3.000 до 10.000 евра за голем трговец, а истите казни како претходно се предфвидени и за директорите на фирмите.
Многу повисоки казни, пак, се предвиодени за фирмите што ќе сакаат да ги скријат приходите, односно неточно да ги прикажат, и со тоа да се спасат од данокот, односно тие се од 3.600 до 12.000 евра за среден трговец и од 6.000 до 20.000 евра за голем трговец, додека, пак, нивните директори ќе бидат казнети со 300 до 1.000 евра за среден трговец и од 400 до 1000 евра за голем трговец.
Извор: faktor.mk