Граѓани и активисти предлагаат парното во Скопје да загрева 24 часа, а за тоа тврдат дека има можност бидејќи во дел од капацитетите се произведува топлина која не се користи.
Според нив такви капацитети се: Когел и Те-то чија енергија може да затоплува најголем дел од градот.
Дали скопјани може да добиваат парно греење 24 часа во денот? Граѓани и упатените во проблематиката велат дека тоа е можно бидејќи компаниите ЕСМ Енергетика и комбинираната централа Те-То произведуваат топлинска енергија 24 часа и таа може да се искористи наместо да се ослободува во воздухот. Експерти и надлежните, пак, се согласни дека, иако е невообичаено во светот, може да се обезбеди парно греење во траење од 24 часа, но под услов граѓаните да бидат подготвени да платат надоместок повисок за 5 отсто во однос на сегашниот, а компаниите, од кои едната не е на регулираниот пазар, да се согласат на ваквата обврска.
Граѓани и активисти предлагаат парното во Скопје да загрева 24 часа, а за тоа тврдат дека има можност бидејќи во дел од капацитетите се произведува топлина која не се користи. Според нив такви капацитети се: КОГЕЛ и Те-То чија енергија може да затоплува најголем дел од градот.
Зошто се дозволува топлината да оди во ветер?
Целиот текст можете да го прочитате на: plusinfo.mk