Пронајди го она што го сакаш. Работи го она што го сакаш. Тогаш работата нема да биде работа. Колку македонците го сакаат она што го работат?
Ако го работите она што го сакате, вие сте вистински среќници. Многумина минуваат една третина од својот ден заглавени на работни места на кои не се чувствуваат убаво.
На денот на кој ја славевме љубовта, 14 февруари, направивме анкета во која ги прашавме следачите на инстаграм профилот на Vrabotuvanje.com.mk – Колку си ја сакате работата?
Можеби очекувано, една третина од испитаниците (33%) одговориле дека воопшто не ја сакаат својата работа, а нешто помалку (32%) на прашањето одговориле со многу. Одоговорот малку го избрале 22%, а само 12% „ептен многу“ си ја сакаат работата.
Би можело да ве интересира: Најмногу откази во јануари: Ова се најчестите причини
Иако оваа анкета беше креирана од забавен карактер, резултатите кои покажуваат дека повеќе од половина од испитаниците (55%) не се задоволни со своето сегашно работно место, не се многу оптимистични.
Сè уште размислувате дали треба да го дознаете степенот на задоволство на вашите вработени? Проверете на Pulser.mk или побарајте нè на 070356813.