Македонски железници во целост ќе го укинат меѓунарондиот железнички сообраќај
Единствените меѓународни возови кои еднаш дневно сообраќаа на релациите Скопје-Белград и Скопје-Солун од почетокот на следниот месец се укинуваат. Меѓународниот воз "Хелас експрес" кој сообраќаше еднаш дневно кон овие дестинации, ќе престане да сообраќа по 30 септември.
На сајтот на Грчки железници веќе е потврдена оваа информација, додека од Српски државни железници официјална потврда сеуште нема. Oд Железничката станица во Скопје во моментов не можат да се купат билети за возот кој секој ден поаѓаше од Скопје кон Белград во 22:19 часот. Причината поради која се укинува железничкиот сообраќај официјално не е објавена на веб-страницата на Македонски железници.
Поради недоволниот број на автобуски и авионски линии, укинувањето на овие возни релации ќе го почуствуваат оние патници кои редовно патуваат кон Солун, Белград, Загреб и другите поблиски дестинации.