![Осумгодишниот генијалец Македон освои медал на меѓународен натпревар по математика](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/13/64d5df31-resize-820x0x100.jpg)
Осумгодишниот генијалец Македон Димитровски од Тетово освои сребрен медал на меѓународниот натпревар по математика „Математика без граници“. Неговите родители ги објавија резултатите од натпреварот на социјалните мрежи и открија за новиот успех на нивниот син.
Македон е момче кое зборува повеќе јазици, германски, англиски, кинески и арапски и е генијалец во решавање математички задачи кои се наменети за втора година средно образование. Тој има IQ 134, а предвидувањата се дека со текот на неговото растење ќе достигне и до 145 -150.