Американскиот технолошки гигант „Мета“ планира да отпушти илјадници работници како дел од реформата на организациската структура, пишува американскиот дневен весник „Вашингтон пост“.
Весникот наведува дека Мета, која ги поседува платформите „Фејсбук“ и „Инстаграм“, се подготвува за реорганизација и намалување на големината на компанијата, што може да влијае на илјадници работници.
- Компанијата планира да постави и дел од своите менаџери на пониски позиции за да се поправи организациската хиерархија. Се очекува некои работници на кои ќе им се сменат функциите да поднесат отказ, со што дополнително ќе се намали работната сила - пишува весникот.
Би можело да ве интересира: Twitter повторно дели откази на вработените
Намалувањето на проектите и поделбата на работата ширум светот ќе се случи во следните неколку месеци и нема да се случи одеднаш, пишува весникот.
Во ноември минатата година, директорот на „Мета“ Марк Закерберг најави отпуштање на повеќе од 11.000 работници, пишува Capital.ba.