![Повторно врнежи? Какво време не очекува денес?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/bc/bf8e0fcb-resize-820x0x100.jpg)
Наутро облачно и свежо, попладне и приквечер дожд
На подрачјето на Македонија во текот на денешниот ден времето ќе биде претежно облачно. Во попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд.
Врнежите ќе продолжат и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се движат од -1 до максимални 16 степени.
Би можело да ве интересира: Известување: Дел од Центар денеска без вода
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од 3 до максимални 14 степени.