За заминување се одлучил откако се откажал од своето кафуле во кое работел 2 години
Недељко Лукачич е еден од илјадниците Хрвати кои својата среќа ја побарале во Ирска. Одлуката да замине во оваа земја ја носи откако се откажува од својот сопствен бизнис.
Дали ми е жал што заминав? Слушнете, во мојот случај нема простор за прашања од типот дали ми е жал или не. Додека имав свој бизнис, постојано се борев со условите за водење бизнис кај нас. За една плата, два пати плаќаш данок, па доаѓа данокот на добивка, па данокот на потрошувачка, за на крај да го зголемат ДДВ-то од 13 на 25 проценти... Се откажав, - вели Недељко за Poslovni.hr
За животот во Ирска вели дека на почетокотот не му одело баш сјајно. Тоа траело веќе некое време додека неодамна, по препорака на свој пријател, не се вработил во една компанија од месната индустрија.
Работата не е тешка, а многу добро сум платен. Неделно работам до 45 часа и добивам 500 евра. Тоа се во најмала рака 2.000 евра месечно, а ако работав и во недела, се плаќа двојно.
Тој вели дека трошоците за сместување се високи за странците, но доколку изнајмите куќа со уште двајца потстанари, месечните трошоци ќе бидат околу 250 евра плус сметки.