Цената на доматите на домашниот пазар се покачува, а ќе има и недостаток од оваа култура. Вакви се согледувањата на Блажо Витанов, кој со децении тргува со зеленчук во земјава и странство. Вели дека последиците од забраната за извоз на домати до Турција се чувствуваат во Македонија, но и во регионот.
Доматите во струмичко се појавуваат кон крајот на април, што значи дека има уште најмалку еден месец до домашното прозиводство.
Цената на килограм домати на домашните пазари на големо се движи од 130 до 150 денари.
Би можело да ве интересира: Тестенините ќе поевтинат за 10%, за млекото ќе видиме
Министерството за земјоделство на Турција донесе одлука да го лимитира извозот на домати до 14 април 2023 година.
Во соопштението на турското Министерството се вели дека поради големиот неодамнешен пораст на цената на доматите во Турција и ужасните последици од земјотресот, кој директно погоди 11 провинции неопходно е да се преземат мерки за да се обезбеди храната и да се стабилизираат цените.