Се огласил менаџерот на винотека во Белград, откако на гостинот му ја наплатиле услугата „отворање шише вино“.
Сметката на која е наплатена услуга за отворање шише вино за 400 динари, која извесен Небојша ја објави на Твитер, предизвика лавина коментари од типот „следниот пат ќе ја носам тапата со мене“ и „ќе наплаќаат и за седење на столчиња?“
Меѓутоа, станува збор за услугата „corkage fee“ или како што некои ја нарекуваат „cork“ (плута), која некои белградски ресторани и винарии ја воведоа пред неколку години, а одамна е вообичаена во светот, вели менаџерот на таканаречената белградска винарија Милош Д.
„Винотеката секогаш има пониска цена на пијалоците од ресторанот. На пример, едно шише тамјаника чини 890 динари и тоа е цената ако ја купите и ја однесете дома. Меѓутоа, ако одлучите да пиете вино кај нас, седнете на нашата маса, ако ги искористете нашите чаши и келнерската услуга, за тоа наплаќаме 400 динари и така пишува во ценовникот. Во тој случај кога ќе соберете се, едно шише вино ве чини 1.290 динари, додека во во кој било ресторан ќе треба да платите 3.000 динари за истото. Така, тоа е повторно многу поевтино отколку ако одите во ресторан“, објаснува Милош.
Можете да си донесете и сопствено вино, но и тоа чини пари.
Патем, постојат неколку видови на оваа услуга. Во Русија, Канада, САД, многу европски ресторани можеш да си донесеш шише вино и да го пиеш со мезе или вечера, а ти наплаќаат што не си порачал нешто од нивното мени, а ти користиш чаши и си го пиеш пијалокот во нивниот локал.
Колку ќе се наплаќа за оваа услуга одлучува ресторанот, а може да биде од 150 динари до неколку илјади, во зависност од тоа колку сопствениците проценуваат дека „изгубиле“ затоа што гостинот си го пие пијалокот. На сметката што крена прашина на социјалните мрежи пишуваше „отворање шише вино“, што, како што подоцна објасни винскиот бар и продавницата за алкохол, е несмасен превод на услугата „corkage fee“.
Zanimljivosti
Новогодишните елки во некои домови во САД оваа година покажуваат повеќе „неконвенционалност“ во изборот на украси за елки, посочуваат испитувањата. Тие, велат познавачите, денес во поголема мера ја изразуваат личноста на домаќините и не се општ безличен симбол на божиќното расположение. И покрај неверојатната сложеност на човечкиот мозок, новото истражување сугерира дека неговата брзина на обработка заостанува далеку зад неговите сензорни способности. Кога празниците тропаат на врата, а времето за купување подароци е при крај, паниката знае да го стегне секој што не стигнал да подготви изненадувања за своите најблиски. Со доаѓањето на празниците, домовите, улиците и деловните простории блескаат во бои и светлина. Сепак, магијата на празничните украси често доаѓа со високи сметки за струја. Љубителите на кафе често ја прават истата грешка кога го подготвуваат својот омилен пијалок – во свежо зовриена вода додаваат мелено кафе. Експертите предупредуваат дека оваа практика ги уништува богатите ароми на кафето и создава горчлив вкус кој многумина го сметаат за неизбежен. Американец вредно штедел 70 години, полнејќи голема стаклена тегла со монети. Сега неговите внуци конечно се осмелија да ја отворат теглата, но внатре не најдоа само пари…