Peel P50 е екстремен микроавтомобил со кој се запознала пошироката јавност кога се појави во една епизода на „стариот“ Top Gear. Џереми Кларксон остана маѓепсан од малиот автомобил со кој се возеше до просториите на Би-Би-Си.
Само 137 cm долг и 99 cm широк, автомобилот нема конкуренција по димензии. Настана како идеја за најмало можно моторизирано возило што може да носи едно лице и една торба, не беше маркетиншки успех. Беа произведени само 47 примероци, а се вели дека само 30 преживеале до денес.
На почетокот на минатата деценија, проектот на овој мал автомобил беше оживеан, а компанијата почна да нуди рачно изработени копии. Pendine Motors нуди три модели, класичниот P50 (означен како P.50), кабриолет со ограничена серија и навистина специјалниот Trident.
Сепак, само оригиналниот P50 се нуди и како комплет автомобил со мотор од 2 kW и батерија која обезбедува автономија од 80 km. Доколку ве интересира ваква понуда „направи сам“, знајте дека цената во тој случај започнува од 10.379 фунти, односно 11.700 евра. Не е малку, но дефинитивно е интересна идеја.
За склопување на возилото потребни се основни алатки и не повеќе од 50 часа работа. Доколку сакате готов автомобил, цената е значително повисока, на ниво од околу 15.700 евра.
Извор: biznisinfo.mk